Пишев: Се виде кој е Заев, времето на СДСМ во Струмица е готово

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев на денешната амандманска расправа во Комисијата за финансирање и буџет во дискусијата за амандманот поднесен од СДСМ каде тие бараат средства за чистење на примарна каналска мрежа во Струмица, со своја реплика му се обрати на пратеникот од СДСМ Марјан Даскаловски.

„Овој амандман беше и во 2012 година. Тогаш и министерот им рече и на Цветанка Иванова и на Панче Орцев дека ако имате изготвено студија за ова, ние бевме спремни да го одобриме. Ама тоа е напишано вака ветер и магла. Така си ги пишувате и барате сешто“, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Пишев.

Пишев во својата реплика повтори и за поплавите кои што го зафатија населеното место Муртино. Тој истакна дека лично бил присутен таму и дека од свои лични средства донирал храна, вода, сокови, средства за хигиена и уште многу други основни потребни работи и нагласи дека жителите на Струмица тоа многу убаво го знаеле.

Дополнително, Пишев се осврна и на темата за плацевите во Општина Струмица.

„Знаеш што е ова? Договор меѓу Општина Струмица со Горан Крстев за земјиштето на Агрокор продадено за 1 евро. Срамота!И тогаш Вашиот претседател Заев се фалеше дека ја градел Струмица, дека зимал од децата, од устата, мои лични пари и ја градам црквата. А што всушност било, цело време тоа било рекет“,потенцираше Пишев.

На крај, тој се задржа и на видеото кое се појави во јавноста каде Зоран Заев од бизнисмен од Струмица бара мито во форма на донација за црква.

„Се виде кој е Зоран Заев. Срамно е на најчесниот човек во Струмица, на видео снимка, што работи по 24 часа, дојде и го рекетира во Кабинет. Едно евро за Вице Заев, едно евро за црквата. Срамота!“, заврши Пишев.