Пишев до Шилегов: Заев на својот татко му дал тендер во вредност од 5 стана

Заев на својот татко му дал тендер во вредност од 5 стана, рече на денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Васил Пишев во реплика кон пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

Пишев нагласи дека ова е трет ден како опозицијата го критикува предлог законот за јавните набавки.

Ќе посочам пример какви јавни набавки тие сакаат. Петре, момче, да ми ти кажам еден уникатен пример за неколку јавни набавки на твојот лидер и твојата партија каде што си портпарол ти. Овој уникатен пример за јавни набавки е во светски рамки. Можно е да има само во Северна Кореа, но таму не можев да проверам, таму нема медиуми, барем не толку многу  како тука кои ги имате вие и СОРОС, рече Пишев.

Тој нагласи дека во Струмица има пример каде градоначалникот и опозициски лидер им дал тендери на своите брат или татко.

Зоран Заев е единствен опозиционен лидер и градоначалник во овој свет каде делел тендер на својот татко, својот брат, својот братучет, неговата снаа.

Попрецизно, Зоран Заев, лидерот на СДСМ на својот татко му дал тендер во вредност над 25 милиони денари, или околу 500.000 евра или во вредност од 5 стана, рече Пишев.