сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 6

Пишев: СЈО е зафатено со политички хајки во Битола, ОЈО да го испита случајот со бесплатен превоз во Струмица

Од општина Струмица во паника почнаа да се закануваат со тужби, а јас 10 дена излегувам секој ден со точни и прецизни документи кои докажуваат неправилности во работењето и отвораат сериозен сомнеж за тежок криминал. Од Општината Струмица освен лични дисквалификации и навреди не покажаа ниту еден факт, рече денес во изјава за медиумите пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.

pishev

Поврзани вести

Од општина Струмица во паника  почнаа да се закануваат со тужби, а јас 10 дена излегувам секој ден со точни и прецизни документи кои докажуваат неправилности во работењето и отвораат сериозен сомнеж за тежок криминал.  Од Општината Струмица освен лични дисквалификации и навреди не покажаа ниту еден факт, рече денес во изјава за медиумите пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.

Пишев уште еднаш потенцира дека Општина Струмица плаќала речиси двојно поскап превоз од една Битола, а дел од тие пари завршувале во рацете на фирмите на функционерот од СДСМ Лефтер Андонов.

Згора на тоа фирмата фаворит „Тритерол“ е добитник на тендери од општината Струмица од 1 милион 150 илјади евра.  Јасно е како бел ден. Се работи за фирма дел од кланот Заеви за која освен тоа што постои основан сомнеж за испумпување на милиони денари од општината кои завршувале во приватни џебови, веќе е познато дека таа врши и партиски услуги за Заев и СДСМ по нивен повик. Стотици членови на СДСМ се превезувани со автобусите на „Тритерол“ на протестите во Скопје, истите тие автобуси кои општината Струмица ги преплаќа за превоз на деца. Е тоа во народот се вика грабеж и злоупотреба, рече Пишев.

Пишев рече дека СЈО е зафатено со водење на политички хајки во Битола, тотално неосновани и целосно политизарани, и денес го повика Основното Јавно обвинителство да го испита случајот со преплатен превоз во Струмица, делењето на пари од општината на фирми блиски до Заев и функционери на СДСМ, да отвори постапка и да поднесе кривична пријава против Заев за злоупотреба на службената должност и незаконито работење.

Во Македонија не смее СДСМ да е над законот, СДСМ не смее на себеси да гледа како тесна дружина која е недопирлива тендер мрежа, а институциите нивна лична своевина наменети за богатење. И не смее под плаштот на превоз на дечиња, да се организира и спроведува случај за кој има основано сомнение за криминал во кој се богати кланот Заеви, рече тој.

Најчитани вести