недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Пишев: Струмица плаќа двојно поскап превоз за ученици од Токио

Прво, Фатиме Фетаи, Катица Јанева и целото СЈО можат да видат како општина струмица плаќала дупло поскап превоз од едно Токио и второ, Зоран Заев е единствениот аболиран политичар за криминал од 8,5 милиони евра.

пишев

Поврзани вести

Аналогно на зборовите на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, кои произлегоа од очигледната политичка хајка против Владо Талевски, дека Битола плаќала превоз поскап од Токио, врз основа на вакви докази може да заклучиме дека општина Струмица и единствениот актуелно помилуван политичар Зоран Заев, плаќале дупло поскап превоз за ученици од едно Токио, изјави на денешната прес-конференција Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е доволна причина Фатиме Фетаи и целиот тим на Катица Јанева да се откажат од политички хајки во Битола и да се насочат во Струмица, односно во општината во која превозот на ученици се плаќа дупло поскапо од едно Токио. За разлика од СДСМ и нивните инструменти, јас постојано говорам со факти и докази и така ќе продолжам. Погледнете ги овие фрапантни претплаќања на превозот на ученици. За релацијата Радовиш-Калугерица-Струмица, во должина од 34 километри, општина Струмица плаќа неверојатни 230 по ученик, а исто толку долга релација од Битола-Бучим, општина Битола, плаќа само 94 денари или скоро 2,5 пати помалку од општина Струмица и Зоран Заев. Значи општина Струмица плаќа 230 денари, а за иста должина на релацијата општина Битола плаќа 2,5 пати помалку, односно 94 денари. Општината Струмица за двојно пократка релација плаќала двојно повеќе споредено со општина Битола. За релацијата Нова Маала-Добрашинци-Струмица, што е во должина од само 15 км, општина Струмица плаќала 105 денари по ученик, додека општина Битола за скоро дупло подолга релација плаќала повеќе од двојно пониска цена по ученик, или 49 денари. Таква е ситуацијата и со релацијата Злеово-Струмица, која е во должина од 16 километри, рече Пишев.

Тој праша зошто општината Струмица плаќа  по дури 180 денари за ученик, додека за двојно подолга релација од Битола до Демир Хисар општина Битола плаќа повеќе од двојно помалку, односно 79 денари.

-Исполнети се сите услови. Прво, Фатиме Фетаи, Катица Јанева и целото СЈО можат да видат како општина струмица плаќала дупло поскап превоз од едно Токио и второ, Зоран Заев е единствениот аболиран политичар за криминал од 8,5 милиони евра. Повелете и влезете во општина Струмица, заедно со сите институции и решете го основниот сомнеж за тежок криминал со дупло поскапиот превоз на Струмица во однос на едно Токио, рече Пишев.

Најчитани вести