Пишев: Заев молчи за криминалното легализирање на хациендите „Цареви Кули“

Заев го изиграл законот со кој се овозможи легализација на бесправни објекти со кој сакаше да се помогне највеќе на граѓаните со пониски примања. Заев тоа го искористи да си прави бизнис зделки и да легализира хациенди, обвини денес на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев.

Интегрален текст од пресконференцијата:

Зоран Заев е фатен во криминал. Зоран Заев молчи за бесправното, незаконско и криминално легализирање на хациендите Цареви Кули.

Документите и фактите покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен кој е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Тој е дел од доброто познатата тендер мрежа на кланот Заеви.

Не од било кој, туку лично со потписот на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зоран За­ев хо­тел­ски­от комп­лекс „Ца­ре­ви ку­ли“ противзаконски е ле­га­ли­зи­ран на 3.7.2013 го­ди­на. Значи ова е тој документ, (покажи документ) каде Заев со свој потпис става печат на овој голем криминал.

На ре­ше­ни­е­то за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­пра­вен об­јект стои де­ка  Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца под­нел ба­ра­ње со опре­де­лен број од 3.9.2011 го­ди­на за ле­га­ли­за­ци­ја на хо­тел­ски­от комп­лекс, по­ткре­пе­но со ге­о­дет­ски елабо­рат за по­себ­ни на­ме­ни, со че­ти­ри згра­ди од кои пр­ва­та со стан за­ве­ден со број 1 на при­зем­је од 260 ква­драт­ни ме­три, по­мош­на про­сто­ри­ја од се­дум ква­драт­ни ме­три и стан број 2 на кат со по­вр­ши­на од 222 ква­драт­ни ме­три.

Не терен овој објект уште не бил изграден кога законот тоа го овозможувал.

Тоа го потврдува са­те­лит­ска­та фо­то­гра­фи­ја од пре­ба­ру­ва­чот на ин­тер­нет „Гугл“ и не­го­ви­те ала­тки, кои по­ка­жу­ва­ат де­ка на те­ре­нот ка­де што се на­о­ѓа ле­га­ли­зи­ра­ни­от хо­тел­ски комп­лекс, со да­тум од 10 март 2011 го­ди­на, има со­се­ма дру­га со­стој­ба. Таков објект не постои.

Во ју­ни 2013 го­ди­на комп­ле­ксот е све­че­но отво­рен. Во за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред март 2011 го­ди­на. Или пре­циз­но, ка­ко што стои во за­ко­нот, ус­лов е об­је­ктот што тре­ба да се ле­га­ли­зи­ра да е из­гра­ден зак­луч­но со 3 март 2011 го­ди­на.

Значи според фактичката состојба било извлечено број за легализација од општината Струмица во 2011та година, а објектот бил изграден во 2013та година. Значи имаме класично изигрување на заканот што повлекува кривична одговорност.

Зоран Заев со денови молчи. Молчи затоа што е фатен со докази во криминал. За ова Заев треба да одговара. Заев го изиграл законот со кој се овозможи легализација на бесправни објекти со кој сакаше да се помогне највеќе на граѓаните со пониски примања. Заев тоа го искористи да си прави бизнис зделки и да легализира хациенди.

Ова е нов голем скандал на аболираниот Заев и за тоа мора да одговара.