Пишев до Заев: Немаш проекти, немаш доверба од народот – единствено што имаш зад себе се лажни ветувања и аболиција за криминал

-Аболицираниот Зоран Заев знае само да ветува без воопшто и да помисли истото да го оствари. Тоа е карактеристика на лажговци кои не држат до зборот и кои немаат образ и кредибилитет. Еве денес сме на локацијата каде што Зоран Заев ветуваше дека ќе гради, а се уште нема ниту камен на камен ставено, рече Пишев.

Пишев нагласи дека Заев на локалните избори во 2013 година вети изградба на нов мултифункционален пазар , кај поранешната Касарна на површина од 15.000 м2.

-Почитувани овде нема ни пазар ни ништо. Ова е уште еден доказ дека Заев го загуби кредибилитетот. Зарем човекот кој не може да реализира проекти во Општината каде е градоначалник има образ да ветува проекти на државно ниво? Но очигледно камиказа политичарот Зоран Заев, аболициран за тежок криминал има ѓон образ. Нема бегање Зоране, казната од народот ќе те стаса. Немаш реализација, немаш проекти, немаш доверба од народот. Единствено што имаш зад себе се лажни ветувања и аболиција за криминал.