Пишев: Зошто Талевски е мета на политички острел на СДСМ, а за Заев не важат законите?

Отворено и јавно прашуваме како е можно нешто што Општина Битола го плаќала по една цена, истото Општина Струмица да го плаќа по двојно, тројно повисока цена. Зошто Талевски е мета на политички острел на СДСМ, а за Заев не важат законите. Каде завршуваат овие пари, зошто се разграбуваат граѓаните. И на крајот не дали, туку кога ќе биде акцијата на СЈО. Јавноста чека. Ова на денешната прес конференција го посочи пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.

Интегрален текст од пресконференцијата на Пишев:

Поминаа два дена но СЈО исто како Заев молчат за скандалот со превозот на ученици во Струмица.

Нема одговор зошто Струмица и Струмичани плаќаат по скоро два пати поголема цена за превоз од една Битола која е поголема општина, и зошто СЈО молчин за Струмица.

Исто така нема одговор и на тоа дека за иста дестинација со иста киломтрежа Општината Струмица исплаќа 103 денари по ученик на Струмица Експрес, а 20 проценти повеќе на фирмата Тритерол, односно 126 денари. Нели ова е фаворизирање на една фирма во однос на сите други.

Но скандалот не запира тука, релации со приближно иста должина Општина Струмица ги преплаќа во однос на една Битола.

Еве примери:

Погледнете го ова, за релацијата Струмица – Чанаклија – Гечерлија – Сарај – Просениково што е во должина приближно од 24 километри Општина Струмица плаќа дури 160 денари по ученик, а за исто толку долга релација од Битола до Иванчевци Општина Битола плаќа само 49 денари или три ипол пати помалку од Општина Струмица и Зоран Заев.

За релацијата Бориево – Моноспитово – Робово – Дабиле – Струмица што е во должина од 16 километри, Општина Струмица плаќа на фирмата Тритерол 118 денари, додека Општината Битола за исто толкава раздалеченост на местата Битола – Беранци плаќа 53 денари или два пати помалку од една Струмица

За релацијата Струмица – Рич – Попчево – Раборци – Струмица што е некаде околу 37 километри  Општина Струмица на Тритерол и плаќа по 126 денари по ученик, а Општина Битола за релација со истата должина Битола -Ресен плаќа само 106 денари.

Е ова господа се вика грабеж. Отворено и јавно прашуваме како е можно нешто што Општина Битола го плаќала по една цена, истото Општина Струмица да го плаќа по двојно, тројно повисока цена. Зошто Талевски е мета на политички острел на СДСМ, а за Заев не важат законите.

Каде завршуваат овие пари, зошто се разграбуваат граѓаните. И на крајот не дали, туку кога ќе биде акцијата на СЈО. Јавноста чека.