Пишев: Грижата за пензионерите ќе продолжи и во иднина

Мерките и проектите кои ВМРО -ДПМНЕ ги има испланирано во новата програма „Проверено“ посветени на пензионерите, денеска беа претставени од страна на Васил Пишев.

Како такви Пишев ги спомена бесплатното банско лекување, покачувањето на пензиите, бесплатните здравствени прегледи, отворањето на дневни центри, ефтините лекови и многу други слични мерки, кои како што нагласи, се веќе проверени.

„Но, тука не застануваме, продолжуваме со нови мерки, бидејќи нашите пензионери, нашите баби и дедовци секогаш биле наш приоритет, Сакам да ве уверам дека ќе продолжиме со зголемувањето на пензиите за вкупно 21,5 % во следниве години, бесплатната банска рекреација ќе продолжи, бесплатниот туристички викенд ќе биде уште еден нов проект, лековите ќе продолжат да се намалуваат“, посочи Пишев.

Тој нагласи дека грижата за пензионерите ќе продолжи и во иднина со многу мерки и проекти.