Пишев: Обидот на Заев да ги забошоти неговите афери нема да му успее

Денеска очекував на одржаната прес конференција Зоран Заев да одговори на прашањата што му ги поставуваме со години, но за жал не добивме одговор, истакна Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во својата замислена улога на моралист Заев се обидува да се прикаже како надежен опозиционер иако веќе повеќе години е ангажиран во политиката. Се обидува да се амнестира од грешките и пропустите што ги прави десетина години. Не одговори како тоа фирмите на неговите колеги од партијата направиле огромен број на афери. Заев со неговата потесна фамилија ја присвоија цела Струмица. Зоране, граѓаните нема да ти дозволат тоа да го направиш и со Македонија, посочи Пишев.

Аферите на Заев,како што посочи тој, можат да се избројат  не во милиони туку во милјарди.

„Глобал, бензиски пумпи Ангел-петрол, Бенз-оил, зградите во паркот, купените државни фабрики градени со потта на народот и тендер добиени на нивните фирми. Ниту една од овие афери не ја заслужија моралната одговорност на Заев кон граѓаните на Општина Струмица. Обидот на Зоран Заев, да ги забошотува аферите во кои тој и неговото семејство се заплеткани до гуша, нема да му успее. Нема да му успее затоа што веќе никој не му се плаши“, рече Пишев.

Тој доаде дека граѓаните го надминале стравот од тоа да бидат уценувани и подмитувани и го повика Заев да одговори дали е најбогатиот градоначалник и најбогатиот социјалдемократ на Балканот?