Пишев: Заев држи лекции по морал, а дели тендери на роднини

Зоран Заев се замислил во улога на морализатор без при тоа да одговори на ниту едно од прашањата кои јавно му ги поставуваме, вели Васил Пишев од ВМРО ДПМНЕ.

„Континуирано со години го богати кланот Заеви и фамилијата Црвенковски и не најде време и трошка доблест да им одговори на редица прашања од граѓаните на Струмица. Да одговори за тоа како тоа блиските фирми ги добиват тендерите на општината. За каков морал станува збор кога господинот Заев дава тендери на неговата фамилија, на татко, брат, стрина, братучеди, а постојано се правда дека сите овие постапки се законски. Каков морал е ако тендерите ги добива вашиот прв братучед Трајче Заев во вредност од 1,8 милиони денари. Истиот тој братучед, кој извезуваше храна со сомнителен квалитет, доби тендер за набавка на храна од ЈП Комуналец“, вели Пишев.

Доколку Заев, вели Пишев, ја градеше Струмица без сите тие наведени проблеми кои сам ги создава дали и денес ќе имаше толку ветени, а неостварени работи. Можеби Струмица немаше да проблеми со поплавите, депониите, можеби насекаде ќе имаше канализација и водовод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.