Пишев: Заев е обичен политички деликвент, неговата кариера заврши

Пред „Чуварите на демократијата“ во кампот пред Собранието вчера се обрати пратеникот Васил Пишев од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Маските паднаа, вистината излезе на виделина. Таа е како шило кога тогаш ќе излезе на виделина. И еве излезе за Зоран Заев. Тој е еден аболициран криминалец, рекетар, манипулатор, лажго и најмногу тој е предавник на македонскиот народ, рече Пишев.

Тој пред насобраните грѓани на интересен и смешен начин раскажуваше за минатото на Заев и раскажа како Заев го почнал својот бизнис и од обична маалска продавница за многу кратко време откако влегол во политиката станал мултимилионер.

-Кога зборувам за аболициран криминалец, сите се сеќавате дека во Струмица се изгради трговски центар „Глобал“. Тој беше градоначалник и направи јавно-приватно партнерство со две негови фирми кои тогаш ги регистрираше. Тој и неговиот клан во Струмица поседуваат 16 фирми. За „Глобал“ требаше општината да има некој бенефит од тоа, а општината и ЈП „Комуналец“ изгубија, а тој доби на негово конто 8 милиони евра од продажба на деловниот трговски центар во Струмица „Глобал“, рече Пишев пред „Чуварите на демократијата“.

Од 35.000 квадратни метри, општина Струмица добила само 6.000 квадрати.

Тој пред присутните зборуваше и за тоа дека Заев е познат како рекетар помеѓу стопанствениците во Струмица и потсети дека за тоа неодамна излезе и една снимка во јавноста каде Заев на познат струмички стопанственик му вели дека ако сака да ми помогне да го приватизира своето земјиште 1 евро ќе треба да  даде на Црквата и 1 евро кај неговиот гуру Вице Бег, неговиот финансов директор, неговиот брат во менувачницата.

-Јасно се гледа како тој сакаше да го изрекетира стопанственикот, но не е само тој- имаше и еден штипски бизнисмен. Сега ги охрабруваме и другите да излезат и да си ја кажат целата вистина, да видиме колку се.

Пишев посочи дека градоначалникот на Струмица е предавник, манипулатор и голем лажго и посочи неколку примери за тоа.

-Тој на последните избори за градоначалник и во вториот мандат на струмичани им вети што ли не, силиконски долини, индустриски зони… Во вториот мандат им ја вети индустриската зона Сачево и до ден денес нема ни Ф од фабрики таму. Сега во својот трет мандат пак исто, на струмичани им рече дека ќе изгради индустриски зони, ќе отвори 30 фабрики, ќе вработи 3.000 луѓе, но ни тоа не го направи.

Со големиот буџет што го има општина Струмица, околу 30.000 евра, рече Пишев, селата и населените места во Струмица и ден денеска ги немаат основните елементарни потреби за 21 век.

-Година ипол општината е оставена сама на себе. Нема никој. Банда без команда. Од чистач до секретарка сите изиграваат градоначалник на општина Струмица. Заев го нема таму. Тој не може дома во Струмица да си ги изврши сите работа, а не па да го води Македонскиот народ. Народот не се води така и не се лаже така. Ние секогаш како партија даваме програма, проекти и реализација, тоа го сака народот денеска.

Неговата фамилија, додаде Пишев, нема што не поседува во Струмица.

-Од градежни фирми, хотели, фабрики, ресторани, што ли не. Тие се како Коза Ностра во Палермо и така функционираат. Неговиот роден татко се осмелил да краде електрична струја, на толку пари, во својот дисконт го фатиле на лице место, замислете како краде струја. Штетата на ЕВН беше проценета околу 1 милион денари. Излезе пред суд, плачи моли таму, го казнија условно. После некое време пак го фаќаат татко му како не плаќа данок на промет на својата фирма, ајде пак на суд и судот пак условно го казнува. Е нели судот ВМРО-ДПМНЕ го контролира како што вика тој. И не е само тоа. После некое време неговиот прв братучет Боби Заев истоа така пак не платил данок и пак оди на суд. Па дали ние како чесни граѓани би дале такви луѓе да не водат, ги запраша Пишев граѓаните кои беа собрани во кампот на Чуварите на демократијата.

Пратеникот Пишев подвлече дека човек кој може да си ја продаде својата чесност и гордост, на своите деца и на својата фамилија не заслужува повеќе ни во општествениот, ни во јавниот, ни во политичкиот живот да се спомене.

-Заев е еден обичен политички деликвент. Неговата кариера веќе заврши, додаде Пишев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.