Македонија,Крими хроника

Пиштол и злато плен во кражба во Скопје

Пиштол и злато плен во кражба во Скопје

Вчера во Скопје на ул. „Исаија Мажовски“ во куќа сопственост на М.М.(36), извршена е тешка кражба, при што украден е пиштол „Чешка зброевка“ и разновиден златен накит.

Материјалната штета изнесува околу 260.000 денари.

Во моментов екипи на Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.