Пиштоли играле во кумановско Липково

Педесет и честиригоишниот Ќ.А. од Липково, кумановско доби кривична пријава бидејќи извршил убиство во обид и недозволено држел оружје.

Завчера пред семејната куќа поради изведување на градежни работи дошло до вербална расправија помеѓу пријавениот и оштетениот С.М.(30) од истото село при што оштетениот му упатил на пријавениот разни навредувачки и заканувачки зборови.

Ќ.А. влегол во куќата, го зел пиштолот кој неовластено го поседувал, излегол на улицата при што настанала повторна расправија во која оштетениот физички го нападнал пријавениот удирајќи го со клоци и тупаници во пределот на телото и главата, при што настанала меѓусебна тепачка во која се вмешало и друго лице.  Пријавениот со кундак од пиштолот го удрил С.М. во пределот на главата, упатувајќи се кон својата куќа, но бидејќи оштетениот тргнал кон него, пријавениот испукал еден куршум  во правец на оштетенот нанесувајќи му влезна рана во предел на горниот дел од стомакот.