Писмена реакција на прес-конференцијата на Виктор Габер

Од владејачката партија, ВМРО – ДПМНЕ излегоа со реакција на прес-конференцијата на Виктор Габер.

Соопштението во продолќение Ви го пренесуваме интегрално

„СДСМ и Габер немаат кредибилитет да зборуваат за државничките интереси. Тие ја втурнаа нашата држава во борба за зачувување на својот идентитет и работеа спротивно на државните интереси.

Потсетуваме дека во 1995 година Виктор Габер потпиша договор за соработка со Северна Кореја.

Благодарение на дипломатските активности на Владата на СДСМ во деведесеттите години се променија името на нашата држава и знамето и Македонија ја претворија во полусубјект на меѓународната сцена.

Токму во тој период Виктор Габер беше потсекретар во МНР и очигледно резултатот од неговата работа покажува дека не му бил интересот Македонија да биде достоинствен и еднаков субјект во меѓународните односи, туку да ги штити своите лични интереси и интересите на партијата од која што доаѓа.

Благодарение на слепата послушност на Виктор Габер на СДСМ во тоа време, неговото потесно семејство речиси без исклучок беше наградувано на високи позиции во институциите. Оттука ни е и јасно зошто Габер и ден денес одработува за партијата која што ја претставува.

Г-дине Габер дали менувањето на името е државнички интерес? Дали менувањето на знамето е државнички интерес? Дали поставувањето на вашата сестра за Уставен судија е исто така државнички интерес?“, стои во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.