Пиштолот на Хан Соло продаден за 550.000 долари

Лажниот ласерски пиштол, речиси целосно направен од дрво, кој Харисон Форд во улогата на Хан Соло го користеше во филмот „Враќањето на Џедајот“ од 1983 година, е продаден на наддавање за 550.000 американски долари, објави во неделата на социјалните мрежи аукциската куќа Julien’s Auctions.

„Бластерот“ на Хан Соло беше изложен во просториите на аукциската куќа во Њујорк откако 30 години беше сопственост на Џејмс Шоп, уметничкиот директор на „Враќањето на Џедајот“ кој конечно се одлучи да се оддели од славниот предмет и да го даде на продажба.

Харисон Форд овој пиштол го користеше во моментот на средбата на Хан Соло, кој не верува во Силата, и Лук Скајвокер, а неговата фраза „Лаќните религии и древното оружје не може да се мерат со добриот бластер при рака, малечок“, стана една од омилените цитати од франшизата „Ѕвездени војни“.

Мартин Нолан, извршниот директор на аукциската куќа Julien’s Auctions, изјави дека досегашниот сопственик решил на наддавањето да ги понуди и другите 40-ина реквизити од „Ѕвездени војни“, како што е секирата на Ивок и бродот „Џаби д хат“.

Секирата е продадена за 11.500 долари, додека еден друг „бластер“ отиде за 90.624 долари. Меѓутоа, никој не ја постигна цената како омилениот дроид R2-D2 кој минатата 2017 година беше продаден за 2,76 милиони долар на аукција во Лос Анџелес.

Светлечката сабја на Лук Скајвокер од првите две продолженија од франшизата е продадена за 450.000 долари.