Писториус излегува од затвор

Остатокот од казната параолимпиецот ќе ја отслужува во домашен притвор во неговиот дом во Преторија. Се очекува дека тој ќе биде сместен во домот на неговиот чичко иако ова сеуште не е потврдено.

Писториус беше обвинет за убиство откако ја уби неговата девојка Рива Стинкамп преку заклучената врата од тоалетот во неговиот дом на Свети Валентин во 2013-тата. Дваесет и девет годишната Рива, која беше модел и дипломиран правник, била застрелана 4 пати.

Писториус тврдеше дека ја застрелал девојката затоа што мислел дека се работи за самоодбрана, но според обвинителството тоа било убиство со умисла.