Писториус се извини на родителите на убиената девојка

Параолимпиецот Оскар Писториус денеска во судницата им се извини на родителите на неговата убиена девојка, затоа што пукаше во неа, мислејќи дека станува збор за разбојник.

На првиот ден од неговото сослушување во судот во Преторија, тој низ солзи рече дека жали за тоа што се случило.

– Сакав само да ја заштитам Рева. Се уште го чувствувам мирисот на крвта. Не можам да спијам навечер и се будам секое утро мислејќи на вас, рече вознемирениот покривајќи го лицето со рацете.

Убиството се случи на празникот Денот на вљубените минатата година во неговата куќа во елитниот дел на Преторија.

Писториус и тогаш и сега тврди дека Рева е убиена по грешка,откако тој пукал од својот револвер низ вратата во бањата,мислејќи дека таму има разбојник, не знаејќи дека во просторијата се наоѓа неговата девојка.

Обвинителството не го прифаќа ваквото објаснување и верува дека станува збор за убиство со умисла,по расправијата меѓу нив двајцата,откако дошле дома по славењето на празникот.

Соседите на спортистот тврдат дека пред истрелите,слушале бучна расправија, како и врисоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.