Пит бул усмртил куче и ја искасал сопственичката

Расно куче нападнало и усмртило помало домашно куче, при што била касната и сопственичката на угинатото милениче, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 16.30 часот во населбата Карпош.

Случајот го пријавил Д.Т.(52), според кого, додека неговата малолетна ќерка го шетала нивното куче тоа било нападнато од поголемо куче, најверојатно од расата пит бул. Кучето од повредите умрело. При обидот да го спаси и отргне, девојчето било искасано на двете раце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.