Пита готова за 15 минути

Состојки:
-500 г готови кори (15 вкупно на број)
-1 китка блитва
-500 грама урда
-малку сол, црн пипер, оригано, лук во прав
-малку масло за готвење

Начин на подготовка:

Блитвата се мие, се сечка на ситни парчиња и се пропржува. Се додаваат урдата, зачините и смесата се трга од оган. Се зeмаат по три кори, секоја се пропрскува со масло, се филува со филот и се витка како ролат. Се прават вкупно пет ролати, се редат на мрсна хартија во плех и се сечат на помали ролатчиња. Се печат во загреана рерна на 220 степени додека не заруменат.