Пита со компири без кори и брз ролат со кафе

Брзи и вкусни рецепти кои можете да ги зготвите за викенд. Ем вкусно, ем повеќе слободно време за со најблиските.

Состојки

700 гр. компири

3 јајца

100 гр брашно

1 лаж. сол

1 лаж. црн пипер

1 пециво

1 кромид

3 чешниња лук

1 кисела павлака

Подготовка:

Компирот излупете го, изрендајте го додадете ги брашното, солта, маслото, пиперот, пецивото и сечканиот кромид. Смесата измесете ја и ставете ја да се пече. Пет минути пред крај на печењето додадете ги павлаката и сечканиот лук. Печете на 200 степени.

rolatБРЗ РОЛАТ СО КАФЕ

Состојки:

300 гр. мелени бискоти

200 гр. шеќер во прав

1 лаж. какао

150 мл. црно кафе

150 гр. путер или маргарин

1 варена жолчка

Подготовка:

Измешајте ги мелените бискоти, 100 гр. шеќер во прав и какао па прелијте ги со варено, студено црно кафе. Добро соединете ги за да добиете смеса која не се лепи за раце. Растегнете ја кората на фолија. Пенасто изматете го путерот или маргаринот и 100 гр. шеќер во прав, па додадете испасирана варена жолчка. Добро изматете па премачкајте преку кора. Направете ролат, па оставете го во фрижидер неколку часа. Кога ролатот ќе се стегне, исечкајте на парчиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.