Питела: Опасноста Балканот да падне во руската орбита е реална, неоходно е влегување во ЕУ

На државите од ткн западен Балкан коишто сакаат да влезат во Европската унија треба да им се даде јасна перспектива за членство, за да не потпаднат во „руската орбита“ и за тоа ЕУ мора да биде многу активна, предупреди во разговроот за љубљанскиот дневен весник Dnevnik од понеделникот претседателот на претеничката група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Џани Питела.

„Балканот минува низ многу проблематичен период. Во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија дејствуваат силни дестабилизирачки притисоци“, вели Питела во разговорот за словенечкиот дневен весник.

Балканот е составен дел од Европа и е соседство на ЕУ, но сега сме едни од други многу оддалечени иако би требало да бидеме блиски и обединети, смета челникот на групацијата на европските социјалисти.

„Потребна е активна политика кон овој регион и политчка мобилизација на европските сили, бидејќи инаку ризикуваме целото тоа подрачје да мине во руската орбита. Таа опасност е многу реална, а руската привлечност е голема“, вели Питела, додавајќи дека единствената политика кој балканските држави ги држи сигурни од Русија е отворената перспектива за членство во Европската унија.

„Таа перспектива поттикнува и економски, социјални и демократски напредок на тамошните општества. На тие држави кои се кандидираат за членство и би можеле да ѝ се придружат на ЕУ по 2019 година, мораме да им дадеме јасен одговор којшто ќе дејствува стабилизациски“, вели Питела.

Меѓутоа, порачува Италијанецот, во споменатите држави мора сосема јасно да се исполнат критериумите и да се обврзат дека ќе го почитуваат правното наследство на ЕУ и нејзините демократски принципи, инаку вратите во ЕУ ќе им бидат затворени, порачува Питела.
т
Челникот на европската левица предупредува и на силните тенденции на напредување на националистичките партии во државите од централна и источна Европа, коишто многу добиле со големото проширување на ЕУ, а сега не сакаат да ги прифатат нејзините вредности и да бидат солидарни во прифаќање на бегалците и имигрантите.

„Подемот на национализмот во источна Европа го сфаќам како реликт од советскиот режим кој имаше силна националитичка нота и беше во себе затворен систем. Влегувањето на овие држави во ЕУ целосно не го надвладеа таквиот модел“, тврди Питела.

„Тој националистички дискурс е антиевропски насочен, а не сака да го признае големиот придонес од членството во ЕУ и европските фондови за растот и напредокот на овие држави“, вели Питела и додава дека на таквите држави, кои не сакаат да бидат солидарни и да ги исполнуваат обврските и да се придржуваат до европските вредности, не би требало да им се доделуваат ниту средства од европските структруни фондови.

Европските социјалисти, според Питела, се заземаат за реформа на Европската унија и нејзина посилна интеграција.

„Германците сега треба да се убедат дека е неопходен повисок степен на европско интегрирање на ниво на влада, политика и економија“, вели во продолжение Питела, оценувајќи дека политиката на ригорозно штедење коешто досега ја застапуваше Германија не била доба, како и дека во еврозоната би требало да се согласат на издавање на заедничките еврообврзници.

Заложувајќи се за прашањето на европскиот развој да се постигне политички договор меѓу десницата и левицата во Европа, Питела вели дека социјалистите во тоа се многу активни.

„Јасно е дека разговараме во левицата, но и дека разговараме со либералите и со народните партии. Ниту кон една европеистичка политичка опција немаме предрасуди, но јасно е дека сме многу резервирани кога станува збор за силите од екстремната десница“, додава Питела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.