Питката вода можна причина за сите идни војни

Според податоците на ОН, за десетина години дури 45 отсто од населението нема да има доволно вода за пиење, при што во посебно тешка положба се наоѓа арапскиот свет. На Блискиот Исток, Северна Африка живее пет отсто од жителите на планетата, а ним им припаѓаат 0,9 отсто од резервите со вода.

Многу земји, вода пијат од еден извор. Базенот на Нил го делат десетина држави. За сите е одредена квота за користење на водени ресурси. Египет кој е најниско, користи најголем дел на водата од Нил.

Додека Египет беше главна регионална сила, неговото право на вода практично никој не го оспоруваше. Етиопија своевремено се обидуваше да изгради брана, но египетски авион го потопи бродот со опрема за изградба.

Сега ситуацијата во регионот се промени, Етиопија го започна проектот Препород- за изградба на огромна хидроцентрала на врвот на Плавиот Нил, кој е главна артерија на реката.

Египет кој може да остане без значаен дел од водата во Нил, се обидува да се спротивстави на проектот.