Магазин

Питон долг два метри крена паника во Белград

Питон долг два метри крена паника во Белград
Питон долг два метри крена паника во Белград

Жителите на Белград последниве неколку дена живеат во страв откако на една од улиците е забележн питон долг два метри.

Питонот е долг околу два метри, а пред неколку дена побегнал на неговиот сопственик. Во потрагата никој не можел да го најде, пренесуваат српските медиуми.

Се до вчера од питонот немало трага ни глас, секој кој знаел дека змијата е на слобода во страв се движел по улиците во Белград.

Погледнавме вчера преку прозорец и се шокиравме. На кровот кај соседите преку патот имаше огромен питон, велат жителите на Једренска улица.

Питонот се криел во олукот на зградата, а топлото време го користел излегувајќи на покривот на зградата. Жителите на зградата од страв не отварале прозорци.

Повикавме полиција, а го известивме и неговиот сопственик. Дури утрово сопственикот дојде и си го зеде своето “милениче” која цела ноќ го помина на кровот.

На видеото погледнете го питонот кој ги вознемири граѓаните на оваа улица во Белград.

 

Питон проголта цел елен во Зоолошка во Индија

Чуварите на индиската Зоолошка градина биле изненадени кога виделе како еден питон се „послужил“ со еден од жителите на зоолошката, проголтувајќи цел елен.

Питонот толку се прејал што не можел да побегне од „местото на злосторството“.

Чуварите морале да ја подигнат змијата и по што го пуштиле во шумскиот резерват.

Питон проголта крокодил во Австралија

krokodilПитон проголта коркодил во езеро во Австралија. Целата драма траела повеќе од пет  часа.

Според зборовите на очевидка, која со своетот семејство сакале да прават пикник останале запрепасетни кога виделе борба меѓу два моќни и опасни рептили.

Змијата била обвиткна врз крокодилот долг 70 сентиметри. Таа прво го удавила, а потоа и го изела. Жената која била сведок на овој ужасен чин  додала дека на крај само можело да се види контура на крокодилот во стомакот на питонот.

Несекојдневниот инцидент се случил езерото Мундара близу Маунт Иса, далечно градче сместено во северозападниот дел на државата Квинсленд.