Пиварниците не смеат да го рекламираат пивото како здраво

Пиварниците не смеат да го рекламираат пивото како производ кој е добар за здравјето, одлучи германскиот Врховниот суд , пренесува Ројтерс.

Според правилниците на ЕУ, алкохолните пијалоци не смеат да се рекламираат на начин кој би можел да сугерира дека допринесуваат за здравјето, се вели во пресудата на германскиот суд.
На тој начин германската пиварница Haerle загуби и на последната инстанца, откако веќе два суда пресудија дека употребата на терминот “bekoemmlich” не смее да се употребува во рекламирањето.

“Bekoemmlich” во германскиот речник се дефинира како „лесно сварлив”, но може дасе преведе и како благотворен. Пониските судови веќе утврдија дека овој поим поголемот дел од потрошувачите го разбираат како „здрав“, а таквото рекламирање на алкохолот не е дозволено.

Во меѓувреме, продажбата на пиво во Германија, која е најголемиот потрошувач на пиво во светот и позната по својот фестивал на пивото, Октобарфест, опадна за 17 отсто што е прв пат после 1993 година.
Сепак пиварниците се надеваат дека престојното светско првенство во фудбал, повторно ќе ги врати бројките на старо.
Европскиот суд во 2012 година забрани виното да се рекламира како “здраво”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.