Пиво, а не вода – Во Белгија се гради „пивовод“ долг 3 километри

Пиварата „De halve maan“, во Бругес, Белгија, објави дека наскоро ќе почне да гради цевковод, долг три километри, од пиварата која е сместена во центарот на градот, па се’ до неговата периферија. Првиот „пивовод“ на светот ќе биде изграден со истата технологија која се користи во нафтената индустрија, а цел е да се намали интензитетот на возењето на камионите- цистерни.

Благодарение на тесните улици, прекрасни шарени покриви и уредени канали, преубавиот Бругес, го нарекуваат И Венеција на север. Покрај многуте обележја на овој крај, туристите  ја посетуваат и традиционалната пивара „De halve maan“,  која се наоѓа во центарот на градот.

piv

Низ новите цевководи, годишно би протекувале и до четири милиони литри пиво.

Целата инвестииција е на пиварата.

pivo6 pivo8 ppp

„De halve maan“ произведува и точи пиво повеќе од 500 години, а најпознат светси бренд е светлото пиво „De brugse zot“ и темното „Straffe Hendrik“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.