Пиволенд нова дестинација за забава и игри на среќа

Игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и овојпат ќе ги надополнат содржините на Пиволенд. Во неколкуте фестивалски дена, покрај пивото, гурманските задоволства и забавните содржини, Државна лотарија на Македонија со бројните помали и поголеми парични и стокови добивки ќе внесе вистинска живост и радост, се вели во соопштението на Лотарија во Македонија.

Инстант среќата ќе им биде на дофат на сите посетители преку инстант лозовите: Среќни коцки кој нуди добивки до 1.000.000 денари; Подарок со можност за добивки до 1000 евра; 7ма Брзина со понуда на атрактивен автомобил ГОЛФ7; СМАЈЛИ за добивка скутер; ХОРОСКОП – експрес лоз кој за 20 денари нуди добивки до 30.000 денари; ТВИНГОМАНИЈА со понуда на 40 автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД и други лозови кои нудат парични добивки.

Лотарија на Македонија ги поканува посетителите на ПИВОЛЕНД во Скопје да се вклучат во големиот круг на добивки и забава со инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија, се вели во соопштението.