Пивоваров се огласи за пожарот во неговата канцеларија

Владимир Пивоваров се огласи за написите во медиумите дека во неговата канцеларија избил пожар и истите најостро ги демантира.

Јас, проф. Д-р. Владимир Пивоваров најостро ги демантирам наводите објавени во вашиот текст „Пожар во канцеларијарта на Пивоваров во МВР“ објавени на 19.06.2016 година дека во мојата канцеларија во МВР имало пожар и дека се уништувала документација, односно докази надвор од законската процеедура. Ја информирам јавноста дека таков настан воопшто не се случил (барем мене не ми е познато) и дека тој ден е вршено примопредавање на мојата должност и раздолжување кое нешто беше завршено во законска процедура и во најдобар можен ред, стои во демантот.

Се потенцира дека внатрешната контрола дошла и направила увид по нечија усмена наредба, но откако увиделе дека нема никакви неправилности истите си заминале.

Веста од порталот „Журнал“, според Пивоваров, е обичен спин со цел да се наруши неговиот углед како професионалец што, според него, се докажува со фактот дека според Журнал пожарот се случил околу 07.30 часот кога неговото работно време не е започнато, а ниту, како што вели, тој бил во просториите на МВР.