Пивтијада со хуманитарен карактер во Гази Баба

По повод верскиот празник Водици на  со почеток во 13  часот, на плоштадот во Автокоманда, традиционално ќе се одржи Манифестацијата „Пивтијада 2014” која има хуманитарен карактер.

Учесници на манифестацијата се жителите од сите месни и урбани заедници од Гази Баба, членките на Организација на жени Гази Баба, Здружение на пензионери на Гази Баба и ресторани од подрачјето на општината.

Средствата кои ќе се соберат од продажбата на пивтиите ќе се донираат на Детската клиника.