Пизаро му донесе победа на Перу

По две кола на Копа Америка во Групата Ц сите четири репрезентации имаат по една победа и еден пораз. Во последното коло сите екипи имаат шанса да се пласираат во елиминациите.

Ветератно Клаудио Пизаро беше “џокерот” на Перу против Венецуела. Тој влезе во првиот тим како замена за Џеферсон Фарфан и постигна важен гол за својата репрезентација по оној несреќен пораз во првото коло од Бразил во судиското продолжение.

Перу од 29-тата минута играше со играч повеќе откако Аморабиета заработи директен црвен картон за Венецуела.