Пизаро му фрли ракавица на Роберт Левандовски

Перуанскиот ветеран од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Клаудио Пизаро, откри дека не се плаши од зголемената конкуренција во нападот и додаде дека планира да остане на  „Алианс Арена” и покрај трансферот на полскиот интернационалец, Роберт Левандовски.

„Одлчино се чувствувам како фудбалер на Баерн (М) и сакам да останам на Алианс Арена. Трансферот на Левандовски нема да има некакво влијание врз моето размислување. Јас ќе почекам, ќе видам какви ќе ми бидат следните шест месеци. На крајот од актуелната сезона ќе донесам одлука. Левандовски е фудбалер од светска класа, тоа веќе го има докажано. Мислам дека ќе успее и како фудбалер на Баерн (М). Со него, Баерн (М) ќе биде уште посилен”, изјави искусниот напаѓач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.