Пјаниќ го продолжи договорот со Јувентус

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, 28-годишниот Миралем Пјаниќ го продолжи договорот со актуелниот италијански шампион Јувентус до 2023 година.

Неговиот досегашен договор важеше до 2021 година, а Пјаниќ со новиот договор наместо досегашните 4,5 милиони евра, ќе заработува 6,5 милиони по сезона.

Играчот за врска ова лето се обидоа да го ангажираат Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но челниците на торинската „Стара дама“ ги одбија сите понуди.

Пјаниќ во Јувентус пристигна во јули 2016 година од Рома за 32 милиони евра, а претходно настапуваше и за француските лигаши Мец и Лион. Во црно-белиот дрес на Јуве одигра 92 официјални натпревари, на кои забележа 15 погодоци и 28 асистенции.