Пјонгјанг ги одложува плановите за напад врз Гуам

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун ја одложил својата одлука за лансирање ракети кон пацифичката американска територија Гуам, истакнувајќи дека ќе ги следни натамошните реакции на САД, пренесува во вторникот службената новинска агенција KCNA.

Во својот прв јавен настап во последните две седмици, севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун извршил во понеденикот надзор на командата на армијата и го проучил планот за истрелување четири ракети со среден дострел во близина на американскиот остров Гуам, во западниот дел од Тихиот Океан, извести KCNA.

„Дококу Јенките и натаму бидат истрајни во своите екстремно опасни и безобзирни акции на Корејскиот полуостров и во неговата близина, со што се тестира воздржаноста на Демократска Народна Репубика Кореја, таа ќе ја донесе важната одлука којашто веќе ја објави“, изјавил Ким, цитиран од агенцијата.

Плановите на Пјонгјанг да истрела ракети коишто ќе ја прелетат Јапонија и би паднале во близина на Гуам на кој се наоѓаат воздухопловна и военопоморска база, доведе до зголемување на тензиите во регионот, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска е подготвена за напад врз Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин во вторникот изјави дека нема да има воена операција без согласноста на Сеул, како и дека неговата влада со сите средства ќе ја спречи војната.

„Одлуката за воена акција на Корејскиот полуостров може да ја донесе само Јужна Кореја и никој друг не може да ја започне без наша согласност“, истакна Мун во говорот на комеморацијата на годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација во 1945 година.

Денот на ослободувањето, еден од реткиот празник кој го одбележуваат двете Кореи, следната седмица ќе биде проследен со заедничка воена вежба на силите на САД и на Јужна Кореја којашто бездруго ќе го разгневи Пјогнјанг.

Кина, главниот трговски партнери и сојузик на Северна Кореја, повеќепати го повика Пјонгјанг да ја запре својата програма за вооружување, а Вашингтон и Сеул да ги откажа своите големи традиционални заеднички воени вежби за да се намалат тензиите.

Кинескиот државен медиум на англиски јазик The Global Times во вторникот пишува дека Сеу треба да игра улога на тампон зона меѓу САД и Северна Кореја за да се избегне директниот воен судир.

„Овие (воени) вежби јасно уште поеќе ќе го испровоцираат Пјонгјанг и се очекува дека тој ќе има порадикален одговор. Доколку Јужна Кореја навистина не сака војна на полуостровот, би требало да се обиде да ги запре тие вежби“, заклучува весникот.

САД и Јужна Кореја технички и натаму се во војна со Северна Кореја по Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година, кога е потпишано примирје а не мировен договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.