Пјонгјанг го предупредува Трамп да не се откажува од нуклеарното оружје

нуклеарна

– Ако администрацијата на Барак Обама направила нешто, тоа е дека безбедноста на континенталните делови на САД ги доведе во најголема можна опасност. Тоа новата администрација ја оптовари дека мора да се соочи со самостојна севернокорејска нуклеарна држава, пишува во севернокорејскиот владин весник „Родонг шинмун“.

Во текстот не се споменува името на Трамп, кој за време на предизборната кампања изјави дека е отворен за преговори со Ким Џонг Ун за нуклеарните амбиции на севернокорејскиот лидер.

– Ако тој би дошол тука, јас би го прифатил, изјави Трамп.