Пјонгјанг ја поддржа номинацијата на Доналд Трамп

Во напис на весникот „ДПРК Тудеј“, еден од гласниците на официјален Пјонгјанг, Трамп се опишува како „мудар политичар“ и „вистински избор за американските гласачи на претседателските избори на 8 ноември“.

Северна Кореја ја поддржа номинацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, упатувајќи пофалби кон него дека е „далекувид претседателски кандидат“, способен да ги ослободи Американците од стравот од нуклеарен напад на Пјонгјанг.

Фаворитката за номинација на Демократската партија за претседателските избори и најголем ривал на Трамп, Хилари Клинтон весникот ја нарече „глупава Хилари“, поради нејзниот предлог да се примени иранскиот модел на сеопфатни санкции со цел решавање на проблемот за нуклеарно вооружување на Корејскиот Полуостров.