Пјонгјанг ја запира нуклеарната програма, Трамп го поздрави потегот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун објави во саботата дека Пјонгјанг ќе ги суспендира нуклеарните и ракетни тестирања, како и дека ќе ги запре нуклеарните проби на полигонот во северниот дел од земјата, во настојувањата да ги продолжи економскиот раст на земјата и да го сочива мирот на Корејскиот полуостров, што беше поздравено од американскиот претседател Доналд Трамп порачувајќи дека му се радува на најавениот самит со Ким, пренесуваат светските агенцрнии.

Како што соопштија севернокорејските државни медиуми, Ким навел дека неговата земја повеќе не треба да изведува нуклеарни проби и тестирања на интерконтиненталните балистички проектили.

Американскиот претседател Трамп ја поздрави оваа најава на челникот на Северна Кореја, и истакна дека се радува на претстојната средба со Ким.,

„Северна Кореја речи да ги запре сите нуклеарни проби и да го затвори главниот полигон за тестирања. Ова е многу добра вест за Северна Кореја и за светот, голем напрeдок! Се радуваме на срдбата со Ким“, порача Трамп во пораката објавена на Twitter.

Одлуката на Пјонгјан ја поздрави и Јужна Кореја, оценувајќи дека станува збор за „важен напредок“ во денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

„Тоа, исто така, ќе придонесе за многу позитивна атмосфера за успех на претстојниот собир на врвот со САД“, соопшти во саботата кабинетот на претседателот на Јужна Кореја.