Свет

Пјонгјанг може да разговара со Вашингтон „ако се совпаднат околностите“

Пјонгјанг може да разговара со Вашингтон „ако се совпаднат околностите“
Чое Сон-хуи (лево) началничка на одделот за Северна Америка во севернокорјеското министерство за надворешни работи/Kyodo

Висока дипломатка на Северна Кореја изјави во саботата дека нејзината земја би била подготвена да разговара со САД  „доколку се совпаднат околностите“, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Началничката на одделот за Северна Америка при севернокорејското министерство за надворешни работи, Чое Сон-Хуи, изјавила за новинарите на аеродромот во кинеската престолнина Пекинг, каде што запрела пред да отпатува за Пјонгјанг, дека нејзината земја би можела „да има дијалог, доколку се совпаднат околностите“, со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Севернокорејската дипломатка се враќала од норвешката престолнина Осло каде што се сретнала со американски универзитетски професори и поранешни функционери, како Томас Пекеринг, поранешен претставник на САД во Обединетите нации, и Роберт Ејнхорн, поранешен специјален советник во Стејт департментот за неширење и контрола на вооружувањето, се истакнува во агенцискиот извештај.