Пјонгјанг: Не го помагаме Хамас

Северна Кореја ги демантирала тврдењата дека го снабдува Хамас со ракети и дека на Хезболах му пружа материјална помош.

Пјонгјанг соопштил дека се работи за „чиста фикција“ и „злонамерни обиди“ Северна Кореја да се доведе во врска со судирите на Блискиот Исток.

Британскиот весник „Дејли Телеграф“ повикувајќи де на извори од западните служби за безбедност, минатиот викенд објавил дека палестинското исламистичко движење Хамас веќе платил аванс за дополнителни ракети и комуникациска опрема од Северна Кореја.

Неколку дена пред објавувањето на тој извештај, американскиот федерален судија во Вашингтон соопштил дека Северна Кореја ја снабдувала екстремистичката либанска организација Хезболах со напредно оружје, наведува АФП.