Свет

Нови закани од Северна Кореја Пјонгјанг објави видео со „уништени“ американски бомбардери и носач на авиони

Пјонгјанг објави видео со „уништени“ американски бомбардери и носач на авиони

Северна Кореја објави серија фото и видео колажи на коишто севернокорејските ракети „уништуваат“ американски бомбардери и носачот на авиони „Карл Вилсон“, пренесува во неделата јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Видеото, поставено на сајтот DPRK Today, започнува со исечоци од настапите на американскиот претседател Доналд Трамп пред персоналот во воената база „Ендрјус“ во сојузната држава Мериленд. Натаму, се појавуваат фотографии од бомбардерите „B-1B“ и борбените авиони „F-15C“ кои со помош на компјутерската графика се „уништуваат“ од севернокорејските балистички ракети со среден достел „Pukguksong-2“. Слично и севернокорејска подморница „го напаѓа“ американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Карл Вилсон“.

На титлот на видеото се наведува „Доколку F-35, B-1B и Карл Вислон го предводат американскиот напад, ќе бидат упатени во гробниците по тој редослед“.

Видеото е објавени набрзо откако американските бомбардери придружувани од ловци прелетаа во меѓународниот воздушен простор по должината на брегот на Северна Кореја, приближувајќи се на границата на демилитаризиранта зона.

Претходно седмицава Трамп од говорницата на Обединетите нации се закани со „потполно уништување“ на Северна Кореја, а севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, одговори со нови закани кон САД, Во Пентагон прелетот на бомбардерите го нарекоа „демонстрација на решителност“ и на богатиот арсенал „воени опции“.