Пјонгјанг одговори на американската закана за превентивен удар

Заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Хан Сон Рол во интервју за агенцијата Associated Press вели дека ситуацијата на Корејскиот полуостров „влегла во ќорсокак“, и оти Пјонгјанг нема намера да „седи со скрстени раце“ во очекување на можен американски превентивен удар.

Севернокорејскиот дипломат, исто така, истакнува дека американскиот претседател „создава проблеми“ со своите „агресивни“ соопштенија на Twitter.

Американската телевизиска мрежа NBC News, повикувајќи за на разузнавачки извори, објави претходно дека САД може да извршат превентивен напад врз Северна Кореја како одвраќање од нејзините намери да изврши ново тестирање на своето нуклеарно вооружување.

Изминатата седмица севернокорејските ракетни тестирања и можноста за американски превентивен удар, особено по ракетирањето на сириската воздухопловна база, беа главните теми на аналитичарите во светот. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека ги разгледува сите варијанти за влијание врз властите во Пјонгјанг.

Минатата недела американската армија ја пренасочи кон Корејскиот полуостров  ударната групација на носачи на авиони предводена од носачот „Карл Вилсон“. Северна Кореја се закани со одмазда и истакна дека тие „не се моли за мир, туку секогаш е подготвена да се заштити со моќта на своето оружје“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.