Пјонгјанг повторно тестираше балистички ракети

Северна Кореја втор ден по ред испали ракети со краток дострел, објави денеска јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на воени извори. Пјонгјанг испали 16 ракети земја-земја тип ФРОГ од полигонот кој се наоѓа во близина на градот Вонсон, на источниот брег на Северна Кореја.

Откако прелетале 60 километри, ракетите паднале во море. Пјонгјанг вчера испали околу 30 ракети кон морето спрема Јапонија.

Северна Кореја која во 2005 година се прогласи за нуклеарна сила, веќе три години врши подземни нуклеарни проби кои предизвикуваат остри протести на меѓународната заедница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.