Пјонгјанг се закани дека ќе ги претвори САД во „море од пламен“

Претставникот на Комитетот за мир во Азиско-пацифичкиот регион изјавил во неделата дека Пјогнјанг е подготвен да ги претвори САД „во море од пламен“ доколку продолжат непријателските американски активности, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на службената севернокорејска агенција KCNA.

„Изјавата на претседателот на Државниот совет на Народна Демократска Република Кореја претставува ултиматум кон американскиот агресор, кој го загуби разумот и се заканува пред моќната армија на чичејската Кореја, и е критично важно предупредување коешто ја декларира жестоката позиција за тоа дека на огнот се оговара со оган“, изјавил неименуван функционер.

Членот на споменатиот севернокорејски комитет, исто така, ги критикувал летовите на американските борбени авион над Корејскиот полуостров и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter кој го смета возможно воената опција за решавање на конфликтот со Северна Кореја, заканувајќи му се на режимот во Пјонгјанг со „разурнувачки“ одговор.

Претходно севернокорејските власти предупредија дека се подготвени да ги соборуваат американските воени авиони, откако минатата седмица беа изведувани демонстративни летови на стратешките бомбардери и ловци по должината на брегот на Северна Кореја.