Пјонгјнг се закани со „супермоќен превентивен напад“

Северноорејските медиуми ги предупредија САД во четвртокот дека тамошните власти би можеле да извршат „супермоќен превентивен напад“, откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Вашингтон разгледува начини за вршење притисок врз оваа изолирана комунистичка земја поради нејзината нуклеарна програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп зазема остар став во однос на младиот севернокорејски челник Ким Џонг-ун, кој ги отфрли советите на единствениот свој голем и влијателен сојузник Кина, и продолжи со работата на нуклеарните и ракетните програми и покрај санкциите од Советот за безбедност при ОН.

„Доколку започне покренувањето на нашиот супермоќен превентивен напад, целосно и моментално ќе бидат уништени и претворени во прав и пепел не само американските империјалистички инвазиски сили во Јужна Кореја и околните региони, туку и во САД“, објави Rodong Sinmun, службениот дневен весник на владејачката Работничка партија на Северна Кореја.

И во минатото Пјонгјанг многу често им се закануваше со уништувања на Јапонија, Јужна Кореја и САД, а и овојпат не се откажа од својата воинствена реторика ниту по неуспешното пробно лансирање на проектил во неделата, ден откако на грандиозната воеана парада по повод 105-годишнината од раѓањето на Ким Ил сунг,втемелувачот на Сверна Кореја и дедо на сегашниот челник, ги покажа своите балистички проектили.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во средата изјави дека САД ги разгледуваат начините за вршење притисок врз Северна Кореја поради нејзината нукеларна програма и шпекулациите дека се подготвува за ново вакво тестирање.

„Ги разгледуваме сите опции за Северна Кореја и како држава која го поддржува тероризмот, но и други начини да извршиме притисок на режимот во Пјонгјанг повторно да се вклучи во преговорите со нас, но на поинакви основи од оние на какви што се темелеа претходните разговори“, изјави Тилерсон.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс, на турнејата по азиските земји сојузници на САД, повтори дека е завршен „периодот на стратешко трпение“ со Соверна Кореја.

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Пол Рајан, пак, во текот на посетата на британската престолнина Лондон рече дека воената опција мора да биде дел од притисоците. „Цивилизираните земји не можат да дозволат таков диктатор да има таков вид моќ“, рече Рајан алудирајќи на Ким Џонг-ун.

Вршителот на должноста јужнокорејски претседател Хванг Кјо-ан во четвртокот на состаокот со највисоките функционери повторно ги повика армиските челници и безбедносните служби да бидат претпазливи.  Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека американските и јужнокорејските воздухопловни сили одржуваат редовни годишни вежби под кодното име „ Max Thunder“ до 28 април. Северна Кореја ваквите вежби вобичаено ги смета за подготовка за инвазија врз неа.