Балкан

ПКК бара прекин на огнот во Турција

ПКК бара прекин на огнот во Турција

Курдската работничка партија ПКК апелира до своите борци да ги запрат сите акции освен во случај кога ќе бидат нападнати.

Политичкото крило на ПКК – Сојуз на курдски општини наведе дека припадниците на ПКК треба да се воздржат со секакви акции кои би можеле да ги нарушат претстојните парламентарни избори во Турција, што се закажани на 1. ноември, пренесува МИА.

Соопштението од ПКК уследи неколку часа по двете експлозии во Анкара, при што загинаа најмалку 30 луѓе, а 126 се повредени.

Турската Влада нападот го оцени како терористички акт.