ПКК киднапираше тројца новинари

Бунтовници на ПКК киднапирале тројца репортери на турската новинска агенција Анадолија во округот Мерсин.

Анадолија потврди дека тројца нејзини новинари се киднапирани од припaдници на ПКК.

Агенцијата соопшти дека терористите од ПКК држат заробени повеќе од 48 часа тројца нејзини новинари.

Новинарите биле испратени минатата недела во градот Нусајбин во округот Мерсин да известуваат за случувањата во регионот, јави Анадолија.