Се укинува плаќањето придонеси за хонорарците

Се укинува плаќањето придонеси за хонорарците. Сет закони со кои од 1-ви август  годинава се укинува плаќањето на придонеси за договорите на дело и авторските договори, како и за сличниот тип на договори, биле усвоени на синоќешната владина седница.

За ова денеска говореше министерот за финанции и вицепремиер во Владата Зоран Ставрески.

Оваа мерка и измиените во законот кои што беа предвидени се во функција на овозможување на лицата кои што се на договори на дело, авторски договори и други слични типови на договори да може да плаќаат придонеси со тоа да ги имаат решено прашањата на користење на здравствените услуги, исто така со уплатата на придонесите да имаат можност да користат пензија и да им се зголеми нивото на пензијата, објасни денеска министерот за финанси Зоран Ставрески.

Со другите проекти исцрпени се ефектите од плаќањето придонеси за хонорарците

Со другите проекти исцрпени се ефектите од плаќањето придонеси за хонорарците
Ставрески: Со другите проекти исцрпени се ефектите од плаќањето придонеси за хонорарците

Тој појаснува дека плаќањето придонеси за хонорарците се укинува од причина што со други мерки на Владата на Република Македонија се исцрпеа ефектите кои што беше предвидено да се постигнат.

Во последниот период  се реализира проектот „Македонија вработува“ , каде што имаме мерка која што овозможува ослободување во период од 1-5 години од плаќањето на придонеси на лица кои што ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4.000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, додаде Ставрески.

Како што посочи, другиот закон со кој што реши добар дел од проблемот на лицата кои што порано беа ангажирани на договор на дело и авторски договори е од сегментот на трансформација на на работниот однос во рамките на јавниот сектор.

Со тоа лицата кои што долги години биле ангажирани на договори на дело и слични типови на договор работниот однос им се трансформираше во редовен работен однос, посочи тој.