Крими хроника

Плаќал услуги на битолски хотел со фалсификувани пари

Плаќал услуги на битолски хотел со фалсификувани пари

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.Д.(29) од Битола, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Како што информираат од полицијата, во мај 2014 година, во хотел пуштила во оптек фалсификувана банкнота во апоени од 100 евра за закупена соба.

Од извршен разговор со пријавената е утврдено дека истата пуштила уште две фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, а истите ги примила од лице од Пловдив-Р Бугарија.