Спорт

Пламнаа влезниците во Вараждин, за 100 евра со превоз преку туристичка агенција 

Пламнаа влезниците во Вараждин, за 100 евра со превоз преку туристичка агенција 

Репрезентацијата на Македонија во вториот круг на Европското првенство (ЕП) се сели во Вараждин, во далеку помала сала од „Арена“, па така, влезниците за втората фаза се веќе распродадени.

Барем според понудените информации на интернет-страницата „Улазнице“, каде се продаваат карти за натпреварите на ЕП. За сите три дена од втората фаза на ЕП кои се во Вараждин, стои дека нема достапни влезници, па така, љубителите на ракометот ќе мора да бараат алтернатива.

Се очекува во Вараждин добро да заработат и препродавачите на влезници на „црниот пазар“, кои сигурно ќе ги има. Од Хрватска најавија казни за препродавање на влезници, но истите може да бидат присутни, ако се земе предвид дека Вараждин беше „базата“ на Унгарците, но тие веќе заминаа од Европското првенство.

Повеќе домашни туристички агенции веќе ги нудат своите понуди за следење на натпреварите на нашата репрезентација во Вараждин. Комплет влезница за еден натпревар со превоз чини околу 100 евра, а во зависност од понудата, дел од агенциите во понудите имаат вклучено и една ноќ преспивање во хостел.