„План Б“ за трасата на „Јужен тек“

Доколку Бугарија под притисок на Европска унија ги замрзне активнотите околу изградбата на гасоводот „Јужен тек“ или пак се  откаже, гасоводот би може да оди по сосема нова траса и да ја заобиколи Србија, пишува рускиот портлал „Взглад“.

Рускиот медиум пишуваат дека гасоводот би можел да ја промени трасата и намести да минува низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија, како што беше првично планирано, да оди за Италија и Австрија, преку Турција и Грција.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе наговестил друга траса за Јужниот поток, за време на состанокот со лидерите на светските медиуми на 24 мај, по што турскот министер за енергетика Танер Јулдиз, рече дека Анкара ќе овозможи Јужниот поток да доаѓа до Турција под Црното море.

Неговиот руски колега  Александар Новак одговори дека технички постои таква можност, но дека засега нема таков предлог од Гаспром.

Од друга страна руски извори велат дека турската траса не е пожелна не само поради тоа што е многу подолга, туку и дека од таквиот „План Б“ би се загубиле државите преку кои требаше гасоводот да минува, како што се Србија и Унгарија.

Бугарскиот министер за економија и енергетика Васил Штонов наложи да се прекинат сите работи околу „Јужен тек“, додека проектот не ги исполни законските услови на ЕК.

Белградскиот весник Политика наведува дека во четвртокот никој од српските власти не сакал јавно да го коментира „Планот Б“, но повеќето кои се вклучени во целата работа изразиле изненаденост од информациите дека воошто постои план во кој ја нема Србија.

Упатен извор за политика вели дека Бугарија сега има многу и поголеми проблеми од „Јужен тек“ и сиурно  нема толку лесно да се откаже од првичната траса, на која Бугарија е главниот јазол од руско-европскиот гасовод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.