Планот на СЈО и СДСМ е очекуван, целта е да се уништи срцевината на ВМРО-ДПМНЕ

SJO

Планот на СЈО во спрега со СДСМ,  кој предвидува до 11 декември да се излезе со 13 до 16 барања за истраги и шест обвиненија против луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, според експерстската јавност е очекуван.

Универзитатската професорка Тања Каракамишева-Јовановска смета дека можат да се очекуваат уште подраматични холивудски сцени, театарски претстави, упади во државни органи, медиумски сензационализми што, според неа, треба да ја покријат празнотијата на случаите што СЈО бомбастично ќе ги изнесува во јавноста, но и празнотијата на понудата на СДСМ на изборите. Таа посочува дека ваквите активности на СЈО во овој период, се директно влијание врз изборниот процес.

Подиректно влијание врз изборен процес од ова не може да се замисли. Подиректно ставање на СЈО во партиска служба и во функција на интересите на СДСМ, Република Македонија нема видено. Целта е таа, но реализацијата ќе има сосема обратен ефект, смета проф. д-р Каракамишева-Јовановска.

СЈО имаше и ќе има сериозен проблем да испорача обвиненија засновани врз цврсти докази. Доказите и вистината за правдата и владеењето на правото се единствените непријатели со кои СЈО се соочува во оваа јалова и сценариски зададена задача да се уништи срцевината на ВМРО-ДПМНЕ, вели Каракамишева-Јовановска.

Политичката поврзаност и координираност меѓу Специјалното јавно обвинителство и СДСМ,  според Каракамишева-Јовановска, е јавна тајна,  посочувајќи дека сите досегашни прес-конференции на СЈО се класичен политичко-правен линч насочен исклучиво против највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО целосно се стави во партиска служба на СДСМ и наместо професионално, одговорно, отчетно, и непристрасно јавно обвинителство, државата доби обвинителство кое е прво противуставно, и второ, кое делува како продолжена рака на опозицијата, спотер и реализатор на нивната политичка кампања. Дополнително на пристрасноста и навивачкиот однос кон СДСМ, СЈО покажа и сериозна правна нестручност и неподготвеност да се носи со доделените надлежности. Во многу наврати до сега специјалните јавни обвинители покажаа класично непознавање на правото. Покажаа голема селективност во постапувањето со партиска позадина, покажаа непочитување на основните начела на кои се заснова и води кривичната постапка, манифестираа невидена ароганција и дрскост, надреденост па дури и негирање на легитимитетот на сите органи и институции во земјата. СЈО имаше и ќе има сериозен проблем да испорача обвиненија засновани врз цврсти докази. Доказите и вистината за правдата и владеењето на правото се единствените непријатели со кои СЈО се соочува во оваа јалова и сценариски зададена задача да се уништи срцевината на ВМРО-ДПМНЕ, посочува универзитетската професорка.

Дел од планот на СДСМ и СЈО,  како што пренесоа поголем дел од месиумите, е до 11 декември Специјалното обвинителство да покрене обвинение за случајот со наводни изборни нерегуларности „Титаник“, да отпочне истрага за набавката на новите „шкода“ возила во МВР, како и за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Според планот, СЈО ќе продолжело и со лична дискредитација на лидерот на владејачката партија Никола Груевски, со тоа што, обвинителството планирало да отвори истрага и за набавка на службениот „мерцедес“ за потребите на ВИП гости кој го поседува МВР.

Дел од планот бил и личен атак врз угледот на министерот за здравство и потпретседател на владата, Никола Тодоров, за што СЈО, веќе почнало да собира податоци за изградбата на болницата во Охрид. Освен тоа Специјалното обвинителство ќе ја испитувале и легалната градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на партијата, како и приходите кои ги имала во минатото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.