„План за живот“ на СДСМ: Затворање на факултети, бркање на студенти и професори на улица

„План за живот“

Илјадници семејства сеуште се сеќаваат на отказите и мачниот живот кој им го сервира оваа партија. А дека ништо не е променето и дека не учат од грешките во минатото, е фактот што нивните најголеми „експерти“ и професори кои ги бранат нивните политики на граѓаните им соопштуваат што ќе ги чека доколку СДСМ дојде на власт.

Љубомир Фрчковски смета дека потребно е да се укинат сите факултети кој што се дисперзирани по градовите без оглед на тоа колку студенти би останале без образование и без оглед на тоа што професори и наставен кадар би останал без работа.

Фрчковски арогантно и навредливо нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ отворила факултети во секое село.

-Образованието е жестоко нападнато, веројатно како и во Албанија ќе се случи, укинување на едно 50-тина факултети од таа државна мрежа на факултети по сите села. Тој пазар и структурата на нивото на студирање да се стегне , а тоа е жестока операција. Знаете што значи да укинете 35 факултета? Ајде студентите некако ќе се присоберат во транзиција, ама имате луѓе кои ќе останат на улица, изјави Фрчковски.

За потсетување, благодарение на дисперзираните студии на младите во Македонија им стана се подостапно високото образование, а трошоците на нивните семејства се намалија. Денеска секој кој сака да го продолжи своето образование може да го направи тоа во најблискиот град, а исто така и висината на школарината се намали за да стане подостапна за граѓаните.

Стотици професори предаваат на овие дисперзирани факултети. Затворањето на истите, како што сака СДСМ ќе значи бркање на улица на докажани професори и надежни студенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.